Top
 

Дубровник – еден од најубавите градови во светот

5 Apr

Дубровник – еден од најубавите градови во светот

Опколен со високи дебели ѕидови, стариот приморски град во Далмација, Дубровник е еден од најубавите градови во светот. Додаден на листата на УНЕСКО за Светско културно наследство, градот е примамлива дестинација за сите познати личности од светот.

Се смета дека градот е основан во 7 век од новата ера. Од 1205 до 1358 година со Дубровник владее Венециската Република. Од 1358 до 1808 година Дубровник претставува посебна држава, која се нарекува Дубровничка Република.Тоа е еден од оние приморски медитерански градови кои се формирани врз сфаќањата на старата хеленска култура. Се развива како полис- град во кој се јавува цивилна управа која се стреми да се формира во република по угледот на Венеција.

Денес во Дубровник гордо сведочат спомените од историјата. Целиот круг од тврдини и високите ѕидови околу градот биле изградени за негова заштита во 14-ти и 15-ти век. Панорамскиот поглед од овие тврдини на плавото Јадранско море вреди да се доживее. Страдун е плоштадот и главната улица во градот, која нуди многу забава, а сепак ја има задржано својата магија од минатото​. ​

Прекрасни барови и ресторани, музика во живо, мирисот на Јаранското море и луксузните јахти, се рај за очи и душа. Како и другите приморски градови, Дубровник е седиште на моќна флота, која е носител на трговијата.Интересен е фактот дека Куршумли-ан во Скопје е граден токму за потребите на дубровничката трговија.

​Хафингтон Пост ја вброи Хрватска, посебно Дубровник меѓу петте најатрактивни локации кои треба да се посетат ако одите на меден месец.Дубровник дефинитивно е најпопуларен меѓу младенците од Велика Британија, Ирска и Америка, но на неговата убавина не остануваат рамнодушни ни Словенците, ниту државјаните на Босна и Херцеговина.
Како исклучително атрактивен простор за венчавање секогаш се спомнува Тврдината Ловријенац, која поради високиот наем од 10.000 куни (околу 1300 евра) за повеќето младенци сепак останува само сон.

​Неодоливо прекрасна температура на морето, шармантниот блесок, ароматичните билки, виновата лоза и маслинките го воодушевуваат секој посетител.

Leave a Reply:

error: Content is protected !!