Macedonian Albanian Bulgarian English French German Greek Italian Russian Serbian Spanish Turkish

Зa ,,АНА ТУРС ИНТЕРНАЦИОНАЛ"

Font size:
  • Decrease
  • Reset
  • Increase

Туристичката агенција „АНА ТУРС ИНТЕРНАЦИОНАЛ“ од Битола е основана во 1989 година како една од првите приватни туристички агенции во Македонија. Од самиот почеток нудиме комплетна туристичка понуда за граѓаните од Битола и пошироко во Македонија. За подобра услуга и производи, постојано инвестираме во нашиот персонал, адекватна технологија и превозни средства. Како резултат на тоа, голем број на задоволни лица и компании кои се наши постојани клиенти.

Туристичката агенција „АНА ТУРС ИНТЕРНАЦИОНАЛ“ од Битола е Генерален застапник за глобалниот резервационен систем HotelsPro за Македонија. Преку HotelsPro, нашите клиенти имаат пристап во повеќе 342.000 хотели во 15000 дестинации во 205 држави во светот. Воедно е и Генерален застапник за глобалниот резервационен систем MetGlobal DMC за Македонија, кој овозмужува пристап до 22000 аранжмани во 500 дестинации во 50 држави во светот. Заедно двата системи овозможуваат комплетен туристички пакет од услуги за своите клиенти.

Ана Турс Интернационал е препознатлива по добро организирани патувања и хотелски резервации во земјата и светот, како и програми направени според желбата на групи и индивидуалци. Обезбедуваме сервисни услуги за странски групи и индивидуалци кои ја посетуваат Македонија или Балканскиот регион, обезбедувајќи хотелскo сместување, трансфери, превоз во високотуристички автобуси, разгледи, водичи и др.

Ана Турс Интернационал е специјализирана за продажба и резервирање на авио карти со добро обучен персонал и со големо искуство. Вработените поседуваат сертификати во своето досие, вклучувајќи сертификати за работа со програмите Амадеус и Галилео. Ви нудиме најдобри опции за вашите летови, за чија резервација, цени и ред на летање можете бесплатно да се информирате во нашата агенција.

Секторот за транспорт во склоп на Ана Турс Интернационал обезбедува трансфери и транспорт на патници во земјата и странство. За таа цел, Ана Турс Интернационал поседува возила со најразлични големини и капацитет на седишта, автомобили од 3-6 патници, комбиња до 22 патници и високотуристички автобуси до 59 патници.

Мисијата на Ана Турс Интернационал е да обезбеди квалитетни туристички услуги и производи на своите задоволни клиенти во земјата и надвор од неа преку својот високообучен и искусен персонал, системите за резервации и постојано надградуваниот возен парк.

Визијата на Ана Турс Интернационал е да стане лидер на пазарот за туристички услуги и производи во земјата и регионот со ширење на својот асортиман на услуги и производи и одржување на висококвалитетните услуги и производи на нови пазари и одржување на постоечките.

Кој патувал со нас, знае.

Ана Турс Интернационал е членка на Стопанската Комора за Туризам на Македонија.

 

Број на гледања на артикли:  
63594

Следете те преку...

Комплекс „БЕЗИСТЕН“ Битола
+389 47 203 580
+389 47 242 902