ОКТОМВРИ низ ХРВАТСКА и СРБИЈА


5 дена / 3 ноќевања

Ден 1. БИТОЛА БЕЛГРАДЗАГРЕБ       10.10.2018

Состанок на групата во 17.00 часот пред Безистенот. Заминување кон Прилеп, Скопје и граничниот премин Табановце. Гранични формалности. Патување со попатни одмори и гранични формалности преку Србија до Хрватска.

Ден 2. ЗАГРЕБ   11.10.2018

Пристигнување во Загреб во предпладневните часови. Потоа заминување за разглед на најзначајните културно – историски знаменитости на Загреб: Музејот на уметноста, Хрватско народно казалиште... Во горниот град: Капитол, Катедралата со Надбискупскиот двор од 13-век, Градец, Камените порти, плоштадот и црквата Св. Марко, Парламентот, Банските двори, кулата Лотршчак, во центарот на градот улицата Илица, цветниот плоштад, црквата Св. Преображение и Плоштадот на Банот Јосип Јелачиќ, Хрватското собрание, Стосмајерово шеталиште, Жичарницата и др. По разгледот на градот, сместување во хотел. Ноќевање.      

Ден 3. ЗАГРЕБ ПЛИТВИЧКИ ЕЗЕРА - ЗАГРЕБ      12.10.2018

ПојадокПо појадокот заминување кон Плитвички Езера. Разглед на еден од најубавите национални паркови на Балканот каде 16 скалесто наредени езера ќе ве пленат со нивната убавина и големиот број на слапови и водопади. Неколку часови ќе можите да уживате во убавините на Плитвичките езера. Пауза за ручек. Враќање кон Загреб. Слободно попладне за уживање низ прекрасниот Загреб. Ноќевање.

Ден 4. ЗАГРЕББЕЛГРАД          13.10.2018

Појадок. После појадокот заминување кон Белград. Патување со попатни одмори. Гранични формалности. Пристигнување во Белград. Сместување во хотел. Во вечерните часови прошетка до Кнез Михајлова и посета на едно од најпосетените места во Белград – Скадарлија.  Ноќевање.

Ден 5. БЕЛГРАД СКОПЈЕ БИТОЛА      14.10.2018

Појадок. После појадокот, заминување за разглед на овој прекрасен град распространет на бреговите на Дунав и Сава. Разгледување на сите позначајни културно-историски споменици како што се Скупштината, Кнез Михајлова, Белградската тврдина, Калимегдан, Плоштадот на Републиката, Гробот на поранешниот Претседател на Југославија Јосип Броз Тито - Куќата на цвеќето, Теразије и најголемата црква на Балканот Св. Сава. Слободно време за шопинг. Заминување кон Македонија. Гранични формалности. Патување со попатни одмори и гранични формалности. Пристигнување во Битола во вечерните  часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  179 €

за УПЛАТА до 22 Септември 

ЕКСТРА ПОПУСТ  = 159 €

Во цената на аранжманот Е вклучено:

  • Автобуски превоз на со високо туристички автобус опремен со клима уред, ТВ, ДВД,
  • Сместување во хотел со 3 * на база ( 2 ноќевање /појадок) во Загреб
  • Сместување во хотел со 3 * на база ( 1 ноќевање /појадок) во Белград
  • Посета и разглед на Загреб со локален водич
  • Посета  и разглед на Белград со локален водич
  • Организација и водство на патувањето
  • Пратител – водич за цело време на патувањето од страна на агенцијата

Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:

  • Влезници за посета на културно – историските споменици
  • Влезница за посета на Плитвички Езера  30 €
  • Останати факултативни посети по програмата

НАПОМЕНА:

  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 35 патници
  • За патувањето важат општите услови на патување на Т.А. “АНА ТУРС ИНТ” – Битола
  • Агенцијата го задржува правото на промена на хотелското сместување во зависност од тоа каде има слободни капацитети за сместување
Top