11ти Октомври на ЈАДРАН


Ден 1.        10.10.2018           БИТОЛА – ТИРАНА – БУДВА

Состанок на групата во 20.00 часот пред Безистенот. Заминување кон граничниот премин Ќафасан. Гранични формалности. Патување со попатни одмори преку Елбасан, Тирана, Скадар, Бар се до Будва.

Ден 2.         11.10.2018           ОСТРОГ – БУДВА – ТРЕБИЊЕ

Пристигнување во Острог во претпладневните часови. Православниот манастир Острог спаѓа меѓу најпосетените светилишта на Балканот. Кога ќе се спомене Острог, веднаш се помислува на место на кое се случуваат чуда. Во него доаѓаат посетители од сите религии и нации, бидејќи се верува дека моштите на Свети Василие Острошки се чудотворни. Манастирот Острог, кој е врежан во карпите, основан е од митрополитот Василије во XVII век. Највпечатлив дел од манастирот е Горен Острог, каде се сместени две мали цркви: горна – посветена на Светиот Крст, и втората, посветена на Воведение на Богородица. Заминување кон Будва. Во попладневните часови прошетка низ стариот дел на градот и да уживате во убавините на Венецијанската архитектура. Будва има голема вредност не само по тоа што е центар на туризмот во Црна Гора туку и по неговите специфични градби, споменици, тврдини, манастири и старите цркви – споменици кои датираат уште од 7 век. Преминување на Которскиот залив кој е ставен на светската листа од 28 најубави заливи во светот. Разглед на Котор. Заминување кон Требиње. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.

Ден 3.         12.10.2018           ТРЕБИЊЕ – МОСТАР – МЕЃУГОРЈЕ – ТРЕБИЊЕ

Појадок. После појадокот заминување за Мостар. Прошетка и разглед на стариот дел на Мостар, познат по своите стари турски куќи и Стариот мост, симболот на градот, изграден по наредба на Сулејман Величествениот, Отоманската владетел во 1566, на местото на стариот дрвен мост преку реката Неретва. Тука, во 1993 година, градот беше поделен помеѓу Хрватите на Западот и Бошњаците на источната страна и тука сеуште ќе видите бомбардирани згради кои се уште стојат во оваа област. Слободно време за ручек. Заминување кон Меѓугорје, местото каде се појавила Мајката Божија. Враќање во Требиње. Вечера. Ноќевање.

Ден 4.         13.10.2018           ТРЕБИЊЕ – ДУБРОВНИК – ТРЕБИЊЕ

Појадок. После појадокот заминување за Дубровник. Пристигнување во Дубровник во пладневните часови; следи разгледување на стариот град, плоштадот Страдун, Тврдината, Катедралата Св. Влах, Дубровничката катедрала, Саат Кулата, културно историски музеј - Кнежев Двор - некогаш седиште на Кнезовите на Дубровачката Република. Слободно време за прошетка по улиците на стариот град или по зидините на градот. Во попладневните часови, враќање во Требиње. Вечера. Ноќевање.

Ден 5.        14.10.2018           ТРЕБИЊЕ – КОТОР – ТИРАНА – БИТОЛА

Појадок. После појадокот, одјавување од хотелот и заминување за Котор. Патот води преку Которско-Рисанскиот залив.  Еден од најинтересните приморски градови во Црна Гора запишан во листата на УНЕСКО како светско културно наследство. Разглед на стариот град и неговите знаменитости. Патувањето продолжува кон Тирана. Слободно време за шопинг во трговскиот центар ТЕГ. Продолжување кон Битола преку граничниот премин Ќафасан. Пристигнување во Битола во ноќните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 149  (во денарска противредност)

Во цената на аранжманот Е вклучено:

  • Автобуски превоз на дадената релација со туристички автобуси опремени со (ЦД, ТВ, ДВД, AC)
  • Хотелско сместување во хотел со 4*  Требиње во 1/2, 1/3 соби на база полу пансион (ноќевање, појадок, вечера)
  • Превоз со траект низ Которскиот залив
  • Посета и разглед на Котор и Будва со локален водич
  • Посета и разглед на Меѓугорје и Мостар
  • Посета и разглед со локален водич на Дубровник
  • Пратител, организација, водство и реализација на патувањето од страна на Т.А “Ана Турс Интернационал“ - Битола

Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:

  • Влезници за посетна културно историски споменици
  • Патувачко осигурување

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 35 платежни патници по автобус
  • Односот нa 1 € = 62,00 денари
Top